
Манчестер јунајтед и Тотенхем со голем исчекор кон финалето во Лига Европа
Англиските претставници во фудбалската Лига на Европа остварија убедливи победи на вечерашните први натпревари во полуфиналната фаза.
Англиските претставници во фудбалската Лига на Европа остварија убедливи победи на вечерашните први натпревари во полуфиналната фаза.
Тотенхем во Лондон го победи норвешки Бодо Глимт со 3:1. Стрелци на головите за лондонци беа Бренан Џонсон (1. минута), Џејмс Медисон (34) и Доминик Соланке (61), за гостите погоди Улрик Салтнес во 83. минута.
Манчестер Јунајтед го победи Атлетик со 3:0 на гостински терен. Головите ги постигнаа Касемиро и Бруно Фернандеш (два гола), еден од пенал.
Реваншите се закажани за 8 мај.