Манчестер Јунајтед го отпушти Аморим

Англиските гиганти денес одлучија да го отпуштат Рубен Аморим по вчерашниот реми 1-1 на гостински терен против Лидс.

Англиските гиганти денес одлучија да го отпуштат Рубен Аморим по вчерашниот реми 1-1 на гостински терен против Лидс.

Како што ексклузивно објави инсајдерот на Јунајтед, Дејвид Орнштајн од Атлетик, одборот на клубот одлучи да го отпушти откако Португалецот го водеше тимот 14 месеци.

Новиот привремен тренер ќе биде Дарен Флечер додека клубот не најде трајно решение. Аморим го презеде Јунајтед во ноември 2024 година и има запишано 25 победи, 15 нерешени и 23 порази во 63 натпревари на клупата.

Тој освои 1,43 поени по натпревар, но никогаш не успеа да ја создаде препознатливата игра на Јунајтед каква што имаше пред него во Спортинг. Според неговиот договор, Аморим треба да добие околу 15 милиони евра отпремнина во случај на отказ, а останува да се види колку ќе му плати клубот.