Манчестер Сити е прв на новото рангирање на УЕФА

Фудбалерите на Манчестер Сити се први на најновата листа на клупски коефициенти објавено е денеска на веб-страницата на Европската фудбалска унија (УЕФА), ден по завршувањето на групната фаза во сите три натпреварувања.

Актуелните шампиони на Европа со коефициент 141.000 зад себе ги оставија Баерн (136.000), Реал (123.000), ПСЖ (108.000) и Ливерпул (103.000).

Кога станува збор за коефициентите по земји, Англија е убедливо прва со 98.803 поени, Шпанија е втора (85.614), Италија е трета (82.141), Германија е четврта (79.909), а Франција е петта (60.831).