Мануел Ноер е голманот со најмногу настапи на светските првенства

Германија имаше настап за заборав на Мундијалот во Катар на кој не успеа да ја мине групната фаза и покрај вчерашниот триумф над Костарика (4-2), но голманот Мануел Ноер на тој натпревар испиша страница во историјата на светските првенства, откако на 36-годишна возраст стана голман со најмногу настапи.

Дуелот против Костарика за Ноер беше вкупно 19 на светските првенства со што ги надмина сонародникот Сеп Маер и Бразилецот Клаудио Тафарел, кои кариерите ги завршија со 18 настапи.

Новиот рекордер според бројот на настапи на светските првенства на голманската позиција претходно не исклучи можност да брани и на Мундијалот 2026 во САД, Канада и Мексико.