Манијак се шетал гол низ Битола и мастурбирал во јавност

Криминалистичката полиција на СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Г.(34) со привремен престој во Битола поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“ по член 190 од Кривичниот законик.

На 08.11.2023, тој излегол без облека во ходник од зграда во Битола во која живеел и ги вознемирил станарите, информира СВР Битола.