Манифестација CRUISE CULT – Уметноста и културата на мотоцикли – 2022

Во Паркот на Франкофонија – Мобилна / Монтажна галерија, денеска ќе се одржи првата манифестација CRUISE CULT – Уметноста и културата на мотоцикли – 2022. Како што најавија од Центарот за современи уметности – Скопје и CRUISE CULT, идејата на оваа манифестација е да се популаризира мотоциклистичката култура, како и да се претстави влијанието на мотoциклите врз културниот живот на луѓето во Македонија и во регионот.

Главен акцент на оваа манифестација ќе биде спојувањето на уметноста и мото-културата односно на широката публика, како и да се претстави уметноста искажана преку мотоциклите и нивната индивидуална нота вметната од самите сопственици.

Во рамки на манифестацијата предвидена е изложба на најдобри примероци на мотоцикли (chopper, customized, cruiser, bobber, trucker, café racer, rat bike, rare, classic.) во секоја класа по неколку карактеристични примероци, изложба на фотографии, Мобилна/Монтажна галерија, оерформанси: Airbrush and pinstripe – изработка на уметнички дела односно цртежи на самите мотоцикли со помош на воздушен пиштол и посебни четки, но и настапи на блуз и рок бендови.