Манасиевски: Филипче ги спроведува плановите што му ги диктира Заев

-Заев се уште ги држи конците во СДС, а Филипче возвраќа на секој негов потег – изјави тој.

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ упати критики кон раководството на СДСМ, обвинувајќи го претседателот на партијата Венко Филипче дека нема фокус на реформите и напредокот, туку на спроведување на, како што рече, плановите што му ги диктира Зоран Заев.

Манасиевски оцени дека „дуото Филипче–Заев“ не се откажувало од контролата врз партијата, дури и по цена на нејзино нарушување.

-Заев се уште ги држи конците во СДС, а Филипче возвраќа на секој негов потег – изјави тој.

Манасиевски истакна дека изборот на Александар Трајановски за потпретседател на СДСМ не бил резултат на неговите квалитети, туку на неговата лојалност кон сегашното раководство.

-Трајановски е лојален човек на Филипче и Заев. Со оваа одлука, Заев уште еднаш ја потврдува својата позиција како претседател од сенка – нагласи тој.