Три лица загинаа денеска во авионска несреќа во близина на францускиот град Колежјен, во регионот Сена и Марна, кога мало летало се урна на автопат.
Малиот туристички авион се урна на автопатот А4, а сообраќајот е затворен во двата правца, пренесува БМФ.
Како што се наведува во веста, авионот удрил во далекувод околу 15:45 часот, пред да падне на асфалтот. Ниту еден автомобил на автопатот не е оштетен.
🔴🇫🇷 FLASH – Seine-et-Marne : trois morts dans le crash d’un avion de tourisme sur l’A4 à hauteur du centre commercial Bay 2, à Collégien. L’autoroute est coupée dans les deux sens avec une déviation mise en place.#SeineEtMarne #Crash #A4 pic.twitter.com/UeYlwBRtcX
— Media Express (@Media_Express1) June 30, 2024