
Малолетник сакал да си го убие татка си, скопјанка претепана од поранешниот вонбрачен партнер
➡ Во семејниот дом, пријавениот со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на неговиот 51-годишен татко, соопшти полицијата.
Вчера во 12:51 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријавила дека во 10:00 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер З.Н.(38).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
17-годишник од Скопје сакaл да си го убие татка си
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ во обид.
Во семејниот дом, пријавениот со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на неговиот 51-годишен татко, соопшти полицијата.
Жена нападнала 19-годишна девојка по недоразбирање во сообраќај
Млада скопјанка била нападната од жена во скопски Аеродром по претходно недоразбирање во сообраќајот.
– На 29.09.2025 во 21:50 часот во СВР Скопје, Д.Т.(19) од Скопје пријавила дека околу 20:40 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице, стои во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.