Младиот Иван Ристиќ (17) од Косовска Митровица исчезнал во петокот во Белград и оттогаш семејството не може да му влезе во трага.
– Иван носел сив дуксер во моментот на неговото исчезнување. Заминал во Белград и оттогаш му се губи секаква трага. Нема телефон со него, малолетник е. Ги замолуваме сите луѓе доколку имаат некаква информација да не известат – изјавиле за Телеграф.рс од семејството на Иван.
Семејството ги замолува сите кои го виделе Иван или имаат некаква информација за него да се јават на 065/505 15 63 и 049/318 911.