Максим Димитриевски ја формираше новата политичка партија ЗНАМ

Во Скопје вечерва се одржува промоцијата на новата политичка партија Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Претставниците на 10 граѓански здруженија, даваат поддршка движењето да прерасне во политички субјект.

Пред потпишување на иницијативата он лајн се обрати писателот Венко Андоновски, кој порача дека стои зад партијата, а исто така и перофесорката од Катерина Тодоровска, која порача Македонија да се врати на колосекот на нормална држава.

Димитриевски порача дека Македонија не треба да биде „приватна“ држава. Вели дека ќе се залага за департизација на судството, полицијата и другите сектори.
„Ќе мораме да ја направиме Македонија самоодржлива држава, не може да доаѓаат од надвор да ни ги земаат ресурсите, а ние да бидеме кираџии“, рече Димитриевски.