Макрон: 26 земји се подготвени да учествуваат во повоената мисија во Украина

Дваесет и шест западни сојузници изразија формална подготвеност да испратат копнени, воздушни и поморски трупи во Украина еден ден откако ќе се договори прекин на огнот во Украина, изјави Емануел Макрон по денешната средба на 35 држави од таканаречената коалиција на подготвените. Макрон притоа ја обвини Русија дека го одложува мировниот процес за да добие на време и да заземе повеќе украинска територија.

Доналд Трамп денеска разговараше телефонски со западните сојузници и кажа дека американската поддршка ќе биде финализирана во следните денови. Тој истовремено ги критикуваше членките на ЕУ што продолжуваат да купуваат руска нафта, велејќи дека така ја финансираат руската војна.

„Русија добила 1,1 милијарда евра од продажба на нафта во ЕУ за една година“, објави Белата куќа.

ЕУ најави дека целосно ќе се откаже од руските нафта и гас до крајот на 2027.

Неколку земји отворено ветија дека ќе испратат трупи во Украина во случај на договор, што веќе беше отфрлено од САД. Русија јасно стави до знаење дека не прифаќа никакво распоредување западни сили во Украина и инсистира таа да биде една од земјите кои ќе бидат гаранти, со што Киев не се согласува.

„Нема сомнение во подготвеноста на САД да бидат дел од безбедносните гаранции за Украина“, изјави Макрон.

Трамп неодамна кажа дека поддршката на САД би можела да дојде во форма на противвоздушна одбрана и разузнавање.

Украина и нејзините сојузници сметаат дека прво треба да се договори прекин на огнот, пред да се обезбеди поширок мировен договор, како што бара Русија.