Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе остане на функцијата до крајот на неговиот мандат во 2027 година.
Во телевизиско обраќање вечерва, откако Националното собрание синоќа изгласа недоверба на владата назначена од шефот на државата, а предводена од премиерот Мишел Барние, Макрон ги обвини пратениците од Долниот дом на Парламентот кои изгласаа недоверба на Владата, дека мислат само за претседателските избори.
Францускиот претседател вети дека за неколку дена ќе назначи нов премиер.
„Приоритет за идниот премиер ќе биде донесувањето на буџетот за следната година во форма на посебен закон“, истакна Макрон.