
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека Русија нема кредибилитет да посредува во конфликтот меѓу Израел и Иран, како што предложи американскиот претседател Доналд Трамп.
Во интервју за Еј-Би-Си Њуз вчера, Трамп рече дека е отворен за можноста Владимир Путин да ја преземе улогата на посредник меѓу Израел и Иран. Макрон јасно ја отфрли таквата идеја.
-Не верувам дека Русија, која во моментов е вклучена во конфликт со висок интензитет и со години ја игнорира Повелбата на ОН, може да биде посредник, рече Макрон.