Франција би можела да ја признае палестинската држава, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој го изјави ова откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли напорите на САД за обновување на процесот на мирно решение во кое би биле опфатени две држави, наведува „Џерусалим пост“.
„Признавањето на палестинската државност не е табу тема за Франција“, рече Макрон.
Претходно денеска, Макрон изјави дека потенцијалниот израелски напад врз Рафа, на југот на Појасот Газа, ќе има „катастрофални последици“ кои би биле неприфатливи.
За време на разговорот со јорданскиот крал Абдула Втори, тој истакна дека нападот ќе доведе до „невидена хуманитарна катастрофа и ќе биде пресвртница во овој конфликт“.