Францускиот претседател Емануел Макрон го уверил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Париз е целосно ангажиран на избегнување нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток.
Двајцата лидери разговарале телефонски, соопшти Елисејската палата.
Макрон се заложи да пренесе пораки до сите страни во конфликтот, по ракетниот напад на село во Голанската висорамнина, во кој вчера беа убиени 12 деца и млади. Израел го припиша нападот на Хезболах, за кој тој негира дека е одговорен.