Макрон со нов петгодишен мандат: Свесен сум дека ова гласање ме обврзува!

Со „Ода на радоста“, старо-новиот претседател на Франција – Емануел Макрон пристигна под Ајфеловата кула, придружуван од неговата сопруга Брижит и децата, како симбол на неговата програма за новиот петгодишен мандат кој сака да биде во знакот на децата.

Тој им се заблагодари на сите ние кои гласаа за него.

„Ви благодариме, драги пријатели. Сакам да им се заблагодарам на сите активисти, волонтери, сопатници и избрани функционери кои ме придружуваа од самиот почеток. Знам дека сите работевте напорно. Вистината доаѓа со чукање во срцето, а јас знам што ви должам. Сакам да им се заблагодарам на сите Французинки и Французи кои ми ја дадоа довербата за да го реализираме нашиот проект за понезависна, посилна Франција, да се осигураме дека проектите ќе се реализираат и да ја направиме Франција голема еколошка нација“ рече Макрон.

Старо – новиот претседател нагласи дека тој „не е повеќе кандидат на еден табор, туку претседател на сите Французи“.

„Знам и дека многу сонародници гласаа за мене, за да ги блокирам идеите на крајната десница. Сакам да им се заблагодарам и да им кажам дека сум свесен дека овој глас ме врзува за годините што доаѓаат. Јас сум чувар на нивната приврзаност кон Републиката. Мислам и на сите наши сонародници кои апстинираа, нивниот молк значеше одбивање да изберат, на што мора да одговориме ние. Мислам и на оние кои гласаа за г-ѓа Марин Ле Пен, чие разочарување го знам оваа вечер“ рече тој.

Макрон повтори дека е претседател на сите.

„Денес избравте хуманистички, амбициозен проект за независност на нашата земја, за Европа“ – додаде Емануел Макрон.