Претседателот на Франција – Емануел Макрон смета дека неговиот руски колега Владимир Путин направил историска грешка со инвазијата врз Украина.
„Мислам, и му кажав, дека направи историска грешка за својот народ, за себе и за историјата. Мислам дека се изолираше. Да се изолираш е една работа, но да бидеш во состојба да излезеш од тоа е тежок пат“ рече Макрон во интервју за француски медиуми.
Тој повтори дека Русија не треба да се понижува, а исто така рече дека не се исклучува да го посети Киев.