Францускиот претседател Емануел Макрон не ја исклучува можноста да дозволи распоредување на француски копнени трупи во Украина. Ова тој го соопштил по завршувањето на конференцијата за помош на Украина одржана вчера во Париз, посочувајќи дека сите опции се отворени, особено во насока на тоа дека сите треба да бидат сигурни, како што рече, дека Русија нема да победи во војната против Украина.
На состанокот присуствувале највисоките претставници на многу клучни европски поддржувачи на Киев, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.
Макрон рече дека нема консензус за употреба на копнени трупи во Украина, но дека ништо не може да се исклучи во иднина, особено зашто секоја земја може самостојно и суверено да одлучува за распоредување на своите копнени трупи.
На состанокот било одлучено и да се формира коалиција за снабдување на Украина со ракети за напади, зашто според францускиот претседател, неопходно е да се мобилизира дополнителна муниција за Украина.
„За испораката на француските борбени авиони Мираж се уште не е одлучено. Се уште се утврдува која француска воена опрема би можела да и помогне на Украина. Општиот консензус е дека безбедноста на сите нас е загрозена. Но, Русија не смее да ја добие војната“рече Макрон.
Како што војната во Украина влегува во третата година, Макрон посочи и дека однесувањето на Москва станува сè поагресивно на политичко ниво, но и на првите борбени линии во Украина.
„Поддршката за Украине не смее да не колеба. А поддржувачите на Украина мора да ги засилат своите напорирече тој.
Според него, зголемената помош за Украина во поглед на пари и оружје мора да се мобилизира на колективно и на национално ниво.
Макрон му порача на Путин: Не го сменив телефонскиот број
„Ние сме во процес на обезбедување на нашата безбедност денес и утре“рече Макрон.