Макрон: Разговарав со Трамп и со Зеленски, судбината на САД е да биде со Украина

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека имал серија телефонски разговори со Доналд Трамп, после тензичната средба со Володомир Зеленски во Белата куќа.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека имал серија телефонски разговори со Доналд Трамп, после тензичната средба со Володомир Зеленски во Белата куќа.

Макрон рече дека разговарал и со Зеленски, Трамп и со британскиот премиер Кир Стармер, генералниот секретар на НАТО Марк Руте, и претседателот на Европската комисија, Антонио Коста.

Макрон рече дека е потребно да се смират тензиите и да се сочуваат партнерствата.

„Без оглед на напнатоста и емоциите, секој треба да остане смирен, да покаже почит и благодарност, за да можеме да продолжиме напред. Многу е важно она што е во прашање сега“, изјави Макрон.

Макрон рече дека Зеленски му рекол дека е подготвен на „обнова на дијалогот“ со Вашингтон, како и потенцијален договор што ќе овозможи на САД пристап до приходите од природните ресурси во Украина.

„Судбината на САД е да бидат со Украинците, и немам сомневање во тоа“, рече Макрон.