Ние и помагаме на Украина да се брани на сопствена територија, но никогаш да не ја нападне Русија.
„Владимир Путин мора да ја запре оваа војна и да го почитува територијалниот интегритет на Украина“ – додаде Макрон.
Со ова францускиот претседател се надоврза на претходната изјава во која тврди дека Франција нема да го користи своето нуклеарно оружје дури и ако Русија употреби нуклеарно оружје во Украина.
„Нашата доктрина почива на основните интереси на нацијата“, рече тој за јавниот сервис Франс 2.
„Тие се јасно дефинирани и нема да бидат директно засегнати доколку, на пример, има балистички нуклеарен напад во Украина, во регионот“.
We do not want a World War.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) October 13, 2022