Емануел Макрон – претседателот на Франција вели дека „најлошото допрва доаѓа“ во Украина. Ова го изјави по денешниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
По едночасовниот телефонски разговор на барање на Путин, рускиот претседател му рекол на својот француски колега дека операцијата на руската армија се развива „според планот“ и дека ќе се „влоши“ доколку Украинците не ги прифатат неговите услови.
На обвинувањата на Путин упатени кон Украинците, Макрон одговорил дека прави голема грешка против украинскиот режим, „кој не е нацистички“.
„Ти зборуваш сешто, бараш изговори“ – возвратил Путин и го повикал својот француски колега „да не се лажат“, се наведува во соопштението на Елисејската палата.
„Тој разговор овозможи да се разгледаат несогласувањата, да му се каже вистината на претседателот Путин, но, исто така, за жал, да се констатира неговата решеност да ја продолжи воената операција до крај“ – се вели во соопштението.
„Украинците храбро се борат. Ништо не е готово, но односот на силите е неурамнотежен“, се додава во соопштението.