Макрон назначи нов премиер: Себастијан Лекорну

Лекорну, кој го наследува Франсоа Бајру откако тој беше отстранет во Националното собрание, има за задача да ги консултира политички сили претставени во парламентот со цел да се усвои националниот буџет и да се постигнат потребните договори за одлуките што треба да се донесат во наредните месеци.

Францускиот претседател Емануел Макрон го именуваше сојузникот Себастијан Лекорну за нов француски премиер. Тој е поранешен министер за вооружените сили.

Лекорну, кој го наследува Франсоа Бајру откако тој беше отстранет во Националното собрание, има за задача да ги консултира политички сили претставени во парламентот со цел да се усвои националниот буџет и да се постигнат потребните договори за одлуките што треба да се донесат во наредните месеци.

„Дејствијата на новиот премиер ќе бидат водени од одбраната на нашата независност и сила, службата на францускиот народ и политичката и институционалната стабилност за единството на земјата“, се вели во соопштението на Елисејската палата, во кое се додава дека врз основа на овие основи е можно да се постигне договор меѓу политичките сили, почитувајќи ги убедувањата на секоја од нив.

Лекорну ќе предложи влада дури по разговорите со парламентарните партии. Неговото име се споменува веќе некое време како можно решение, а во последните неколку часа, во оптек е и претседателката на Националното собрание, Јаел Браун-Пивет.

Опозицијата реагираше луто на назначувањето. Жан-Лук Меланшон го прогласи за „тажна комедија“ и рече дека само заминувањето на Макрон може да ја запре оваа фарса на презир кон парламентот, гласачите и политичката пристојност.

Лидерката на Националното единство Марин Ле Пен, рече дека Макрон го испукува последниот куршум на макронизмот, заклучен во бункер со тесен круг лојалист, додавајќи дека „по неизбежните нови парламентарни избори, премиерот ќе се вика Џордан Бардела.

Лидерот на Зелените Марин Тонделиер, пак, рече дека Макрон го назначува премиерот без да се консултира со победничките партии на последните парламентарни избори и повика на протести:

„Одговорот ќе дојде на улиците. Утре“, порача тој.