Претседателот на Франција – Емануел Макрон изјави дека официјален Киев во одреден момент ќе мора да седне на преговарачка маса со официјална Москва за да се обиде да стави крај на војната меѓу двете земји.
„Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите претставници ќе мора да преговараат со Русија“ – рече денеска Макрон за време на посетата на Романија и Молдавија.
Тој вчера ја започна тридневната посета на јужното крило на НАТО во Романија, при што ќе престојува и во Молдавија, а утре најверојатно ќе замине за Киев, каде се очекуваат германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги.