Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер утре ќе престојуваат во Берлин, каде ќе се сретнат и ќе разговараат со американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти денеска портпаролот на германската Влада.
Бајден од денеска е во посета на Германија, каде што ќе има и посебна средба со Шолц, јавија британските медиуми.
Како што беше претходно објавено, Бајден минатата недела ја откажа посетата на Германија поради ураганот Милтон, што погоди делови од САД.