Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Францускиот претседател Емануел Макрон ги пречека светските лидери кои вечерва присуствуваат на отворањето на Олимписките игри во Париз.

„Драги пријатели, добредојдовте“, објави Макрон на Х со заедничка фотографија во Елисејската палата каде приреди прием за светските лидери и претставници на меѓународните организации.

Вечерва официјално почнуваат 33-те Летни олимписки игри кои ќе траат до 11 август.