
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Европа да ја намали зависноста од САД и да развие сопствени одбранбени способности, а во исто време да преземе понаметлива улога во НАТО.
Говорејќи пред новинарите по враќањето во Париз од самитот во Јордан, Макрон ја истакна својата иницијатива за развој на европската одбрана како алтернатива на НАТО.
„Посилна Европа ќе му овозможи на нашиот континент да стане поавтономен во рамките на НАТО. Тоа значи во НАТО, со НАТО, но во исто време без зависност од НАТО“, рече Макрон, како што пренесува „Волстрит журнал“
„Алијансата не е нешто од кое треба да зависиме. Алијансата е нешто што можеме да го избереме, нешто со кое можеме да соработуваме, мора да размислуваме за нашата стратешка автономија“, рече францускиот претседател.