„Војната во Украина не повикува да ја преиспитаме географијата и организацијата на нашиот континент” е пораката што претседателот на Франција – Емануел Макрон ја испрати од завршната сесија на Конференцијата за иднинатата на Европа во Стразбур.
„Украина, преку својата борба и својата храброст, е членка со срцето на нашата Европа. Но, дури и утре да добие кандидатски статус, знаеме дека процесот на пристапување ќе трае неколку децении. На овој 9. мај слободата и довербата во иднината го имаат лицето на Европската унија. Украинскиот народ се бори за слобода. Ние не сме во војна со Русија. За зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, за враќање на мирот на нашиот континент, останува само на Украина да ги дефинира условите за преговори со Русија“ рече Макрон.
„Денес, на 9 мај, слободата и надежта за иднината го имаат лицето на Европската Унија. Во име на оваа слобода и оваа надеж ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина, нејзиниот претседател и целиот украински народ. Мораме по секоја цена да го зачуваме мирот во Европа и да избегнеме ескалација“ – порача тој.