Макрон бара мнозинство во францускиот Парламент

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги покани сите политички партии кои можат да формираат група во новиот Парламент на разговори наредните денови откако неговата коалиција изгуби апсолутно мнозинство

Центристичката коалиција на Макрон е под притисок да ја обезбеди поддршката на ривалот за да ја спаси неговата реформска агенда по изборите во неделата наречени парламент без мнозинство, јави „Танјуг“.

Доколку не обезбеди поддршка, Франција би можела да се соочи со политичка парализа, оценува агенцијата.

За апсолутно мнозинство потребни се 289 пратенички места

Коалицијата „Заедно“ на Макрон освои 38,48 отсто од гласовите или 245 места во Парламентот, што е најмало мнозинство во историјата на Петтата република.
За апсолутно мнозинство во 577-члениот парламент потребни се 289 места.