Макрадули: Загрижувачки резултат за СДСМ на изборите

Поранешниот потпретседателот на СДСМ – Јани Макрадули, во гостување на ТВ21 ги коментираше резултатите на последните избори, и зборуваше за неговата партија и најкатастрофалниот нејзин пораз.

„Загрижувачки е овој резултат. СДСМ заслужува поголем број мандати. Јасно е дека Владата ќе биде формирана од други политички партии, а очекувам СДСМ да се врати онаму каде што и е местото. Таа партија придонесува за развој на општеството. Но, во владеењето се отворија многу врати, станавме членка на НАТО, напредувавме на скалите на слобода на медиумите и демократското општество. За жал во последно време не успеавме да ги објасниме политиките и потезите, и тоа според мене постоеше една сопствена или соло пропорција, соло активност на поединци. Тоа доведе до недоразбирање, не се најде механизам да се одбраниме од лажните вести, од лошите вести. За жал ВМРО-ДПМНЕ кажува дека народот ги казни СДСМ, а не кажува дека народот гласал за нив“ – рече Макрадули.