Македонско знаме се вее на тераса во Пловдив, Бугарите тргнаа во потрага по сопственикот на станот

Македонското знаме веќе неколку денови се вее од тераса на зграда во населбата Мал Париз во Пловдив, Бугарија, пренесе бугарскиот портал ТрафикЊуз.

Кадрите се од социјалните мрежи и според авторите на материјалот, „логично предизвикал негативни реакции“ во позадина на тензијата меѓу Бугарија и РСМ.

Повеќето коментари на социјалните мрежи содржат споредба на односот кон Бугарите во Македонија и секако потеклото на тамошното население.

„Можам само да замислам да го ставам бугарското знаме во Македонија“, напиша еден од корисниците. Во продолжение одговорот: „Едноставно ако го облечеш ќе изедеш голем ќотек а тука си траеме…“.

Еден човек пишува дека во блокот живеел Македонец долги години, но до сега таму немало такво знаме.

„Во никој случај, не велам дека насилството е неопходно, само тоа нема да помине со коментари на Фејсбук“, напиша друг корисник.

„Ќучук ја изградија иселениците од Вардар, Егејска Македонија и Белото Море. Новоизлезениот Македонче може да се шета по маало и да ги запознае сите улици. И да сфати дека Македонија е Бугарија!!!“, изјавува друг жител на соседството.