
Македонското лекарско друштво го одбележува Светскиот ден на здравјето
Настанот е во насока на одбележување на овој значаен датум, со цел промоција на здравјето, подигање на јавната свест и нагласување на приоритетите во здравствениот систем, во согласност со глобалните активности на Светската здравствена организација под мотото „Науката ја прави здравствената заштита подостапна“, се наведува во соопштението на Македонското лекарско друштво.
Македонското лекарско друштво денеска ќе го одбележи Светскиот ден на здравјето – 7 април.
– Настанот е во насока на одбележување на овој значаен датум, со цел промоција на здравјето, подигање на јавната свест и нагласување на приоритетите во здравствениот систем, во согласност со глобалните активности на Светската здравствена организација под мотото „Науката ја прави здравствената заштита подостапна“, се наведува во соопштението на Македонското лекарско друштво.
Најавени се обраќања на министерот за здравство Азир Алиу, претставникот на СЗО во земјава, д-р Аким Али и претседателот на Македонското лекарско друштво, проф. д-р Горан Димитров.
На настанот предвидено е да бидат доделени награди и признанија.