
Министерството за здравство сè уште пребројува колку кадар недостасува во болниците во јавносто здравство за да се има реална слика како да се респределува медицинскиот кадар.
Министерот за здравство Азир Алиу признава дека има сериозен недостатот на здравствени работници во земјава. Колку вкупно лекари, сестри и техничари фалат низ болниците во Македонија, засега не се знае. Алиу вели дека сè уште се пребројуваат, а пресметката ќе се објави за една недела.
Инаку Алиу присуствуваше на првиот Саем за медицина, стоматологија и фармација-Health Innovation Expo 2025 во организација на Комората на приватното здравство, каде се презентираа нови помодерни медицински апарати, а меѓу другото се говореше за вештачката интелегенција која е алатка за олеснување во медицината и не може да ги замени лекарите, но може да придонесе кон намалување на човечките грешки во медицинскиот третман.