Полицијата во Албанија привела момче и девојка поради кражба во познатиот туристички град Саранда.
„Две лица со македонско државјанство, идентификувани како Давид Шапуриќ и Сандра Нешковска, се приведени од полицијата во Саранда“ објави Ора њуз.
Според полицијата, во реонот на овој град на грчка државјанка и ја украле чантата во која имало два мобилни телефони, очила, паричник и други предмети.
– Како резултат на брзото администрирање на пријавата на грчка државјанка, на 17-ти месецов, полициската станица Саранда овозможи идентификација, откривање и апсење на осомничените сторители на случајот, државјаните Д.Ш.(24) и С.Н.(28) двајцата жители на Северна Македонија – соопшти полицијата.