Словенечката полиција излезе со повеќе информации за пукањето кое се случило вчера во општината Градец, кога 30 годишен маж пукал во 40-годишна жена во возило, а потоа самиот себеси си пресудил.
Според информациите на тамошните медиуми, сторителот и жртвата биле во врска подолго време, а жената неодамна го пријавила дека и се заканувал и неовластено ја фотографирал, но не му била издадена забрана за задржување, бидејќи тој во моментот бил во странство.
По доаѓањето на местото на настанот, полициските службеници пронашле машко тело во автомобилот и тешко повредена жена која била во критична состојба и починала подоцна во вечерните часови во Општата болница.
Одделот за криминалистичка полиција при полициската управа Цеље кои извршиле увид на местото на злосторството откриле дека мажот најверојатно ја чекал жената во нејзиното возило, а кога жената влегла, тој пукал во неа, а потоа се застрелал.
Не се откриени знаци на упад.
Сторителот е 30-годишен државјанин на С. Македонија, а делото го извршил со пиштол за кој немал дозвола во Словенија. Потеклото на оружјето, како и мотивот се уште се утврдуваат.
Од полицијата открија дека со лицето во минатото се соочувале за закани и неоправдано снимање. Тоа го пријавила сега веќе жртвата, но бидејќи мажот во тој момент не бил во Словенија, а заканата била упатена преку социјалните мрежи, не му одредиле забрана за приближување.
Осомничениот имал дозвола за престој во Словенија, моментално бил невработен, но во минатото работел во Словенија.
„Според досега познатите информации, осомничениот требало да биде во С. Македонија од почетокот на август до извршувањето на делото. Тој најверојатно дошол во Словенија непосредно пред извршувањето на делото“, додаде објасни Боштјан Дебелак, помошник началник.