Македонски државјанин од Нигер бара помош за негова евакуација од институциите

Македонски државјанин од Нигер се обратил до институциите за помош, по пучот спорведен од страна на војската во оваа африканска држава, објави Макфакс.

Во тек се преговори со сојузниците за негова евакуација, објави Министерството за надворешни работи.

Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер, но и можноста од ескалација, македонското МНР апелира до граѓаните да не патуваат во Нигер, а оние кои се таму, ако имаат можност итно да ја напуштат земјата.

МНР објави броеви за контакт и електронска адреса, со цел македонските државјани кои се наоѓаат во Нигер, да ја контактираат нашата Амбасадата во Каиро.