
Македонија дефинтивно е осминафиналист на Европското првенство во одбојка. Ова стана јасно откако Чешка ја оправда фаворитската улога и ја победи Црна Гора со 3:0 во сетови и тоа и одеше во прилог на Македонија.
Вечерва од 17:00 часот во салата „Борис Трајковски“ играме против Холандија. Иако се силна репрезентација, „лалињата“ сепак не се селекција од калибарот на Полска, тоа се покажа и вчера кога изгубија еден сет од Данска. Токму затоа и ние веруваме дека може да се надигруваме.
Овие дуели се важни за со позитивен реузлтат да ја избегнеме силната Италија која во осминафиналето во Бари ќе игра на домашен терен. Можеби победа против Чешка изгледа како пореална опција, меѓутоа одбојкарите веруваат и во изненадување со Холандија.