Македонските кошаркарски сениори убедливо поразени од Израел во Талин – 65:86

Кошаркарската репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на претквалификациски турнир за пласман на Олимписките игри во Париз 2024 година.

Кошаркарите се поразени од селекцијата на Израел со 65:86 во првото коло на турнирот кој се игра во Талин, Естонија.

Натпреварот започна со поените на Војдан Стојановски, но по поените на Јам Мадар во шестата минута, Израел поведе со 14:16 и водството не го испушти до крајот на мечот.

Првата четвртина заврши со пет поени негатива на Македонија (19:24), а втората четвртина започна со две тројки на Израелците со кои дојдоа до двоцифрена предност (19:30).

До паузата, Црвен-жолтите“ предводени од Ти Џеј Шортс, успеаја да ја намалат негативата на девет поени (38:47). Дилемите околу повбедникот беа решени во третата четвртина во која Израел направи 19 поени предност. На крајот, Израел славеше со 65:86.

Најпрецизен кај Македонија беше Ти Џеј Шортс со 22 поени, девет даде Војдан Стојановски, а седум Дамјан Робев.

Кај Израелците, Роман Соркин со 21 и Јифтах Зив со 18 поени беа најдобри.

Македонија следниот меч ќе го игра утре против домаќинот на турнирот, Естонија, која денеска загуби од Чешка со 77:74.