Македонските кошаркари ја совладаа Шведска на ЕП Б дивизија за кадети
Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација ја забележа втората победа во групната фаза на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Скопје, откако вечерва ја совлада Шведска со 75-74 по продолжение.
По стартната победа на Украина, избраниците на селекторот Александар Јованчев дојдоа до вториот триумф во неизвесен натпревар кој во регуларниот дел заврши нерешено 67 – 67.
Најефикасен во македонските редови беше Ѓорѓи Цветковски со 20 поени.
Противник на Македонија во третото коло во рамки на групата Д ќе биде Естонија.
Натпреварот ќе се игра в понеделник од 18:30 часот во СРЦ Кале.