Македонските каратисти освоија 46 медали на Европскиот шампионат во Грција

Македонската репрезентација во традиционално карате постигна значителен резултат на 37. ЕТКФ Европскиот шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети и 7. ЕТКФ Европски куп за деца, одржани викендот во Неа Мудања, Грција.

Македонската репрезентација во традиционално карате постигна значителен резултат на 37. ЕТКФ Европскиот шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети и 7. ЕТКФ Европски куп за деца, одржани викендот во Неа Мудања, Грција.

Македонците освоија вкупно 46 медали, од кои 12 златни, 13 сребрени и 21 бронзени медали.

Најуспешни наши натпреварувачи беа: Антонија Белазелкоска европски шампион во кати за сениорки, Камелија Недев и Матеј Мангаровски станаа европски шампиони во енбу за јуниори, Матеј Мангаровски освои прво место во кати во кадетска конкуренција и 2 место во фукуго за кадети и јуниори.

Женскиот сениорски ката тим во состав Антонија Белазелкоска, Берта и Јана Милевски освоија 2 место во ката тим сениорки. Јана Милевска освои 3 место во кати за сениорки.

Кај децата најуспешни беа Камелија Недев со освоени три златни медали во кати, кихон и џиу кумите за деца 12-13 години и Филип Недев со освоени три златни медали во кати, кихон и џиу кумите за деца 10-11 години.

Ката тимот во состав Максим Поп Трпев, Драган Стојановски и Војдан Паламидовски освоија прво место во ката тим за деца од 6-9 години. Максим Поп Трпев и Мила Владев освоија прво место во кихон кумите за деца од 6-9 години.

На првенството учествуваа 14 држави со околу 200 натпреварувачи.