
Македонските државјани кои се наоѓаат во Појасот Газа денеска ќе можат да ја напуштат завојуваната област. Во Газа има пет наши државјани и тие се на списокот со 596 странски државјани и лица со двојно државјанство на кои им е дозволено денеска да заминат во Египет преку граничниот премин Рафах, објави МНР.
Повеќе од 400 странци, лица со двојно државјанство и повредени Палестинци вчера успеаја да ја напуштат Газа, кога првпат од почетокот на војната Изарел-Хамас на 7 октомври беше отворен преминот Рафах за луѓе. Не е познато до кога преминот помеѓу Египет и појасот Газа ќе биде отворен.
Воените дејствија во северниот дел на појасот Газа продолжуваат. Според Израел се тече според планот.
– Силите продолжуваат со пробивање на предните одбранбени линии на Хамас во северниот дел на Газа и преземање контрола врз централните области. Продолжуваме да ја интензивираме нашата операција и да напредуваме според планот и до целите што ги поставивме. Битката тече како што планиравме, во секоја битка ја имаме предноста и на тој начин одиме напред.
Хамас, пак, објави снимки од напади врз израелски војници и од неколку уништени израелски тенкови.
ОН повортно повикаа на итен хуманитарен прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници и доставување хуманитарна помош за жителите на Газа. Повеќе од 9.000 луѓе, вклучувајќи 3648 деца се убиени во Појасот од 7 октомври, тврди Хамас. На израелкската страна има 1400 жртви. Хамас држи 242 израелци и странци во заробеништво по нападот врз Изарел.
Денешната седница на Собранието на Албанија ја одбележаа тензии и инциденти. Се степаа пратеници на власта и опозицијата. Претставници на опозициската Демократска партија претходно превртеа столчиња во салата и се собраа на говорницата за да ја попречат расправата за предлог-законите.
Тие ги обвинуваат социјалистите дека им е ускратено уставното право да формираат истражни комисии или да назначуваат претставници на опозицијата во Комисијата за изборни реформи.
Со ветрови над 200 км/ч, невремето „Киеран“ ја погоди Франција. Едно лице загина а две се повредени. 1,2 милиони домаќинства останаа без струја, а силните ветрови во некои области на Бретања и Нормандија го поттикнаа највисокото ниво на тревога.