Македонскиот тенисер Калин Ивановски со Новак Ѓоковиќ се подготовува за новата сезона
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е во друштво на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.
Потсетување дека во октомври годинава Ивановски тренираше со српскиот ас.
Нашиот 19-годишен тенисер во Дубаи ги започна подготовките за новата сезона.
Од една страна како спортски фанови му посакуваме на Ивановски уште подобри резултати во 2024 година и напредува на АТП листата каде моментно е на 325 место.
Од друга страна Ѓоковиќ и на 36-години испишува историја, а неговите фанови сигурно очекуваат и во следната сезона да продолжи да ги урива рекордите во тенискиот свет.