Македонскиот голман Столе Димитриевски во тимот на колото во Европа

Македонскиот репрезентативен фудбалски голман Столе Димитриевски минатиот викенд имаше нов одличен настап во дресот на Рајо Ваљекано на „Камп Ноу“ против големиот фаворит Барселона. Тимот од Мадрид и зема бод на Барса, мечот заврши 0:0.

Столе Димитриевски добива пофалби од сите страни, а воедно веќе се најде и во тимот на колото во Европа.

Македонскиот голман со петте одбрани се запиша во историјата како еден од ретките кој трет меч по ред завршува без примен гол против славната Барселона

Во тимот на колото во Европа покрај Македонецот се наоѓаат уште Нејмар (ПСЖ), Габриел Жезус (Арсенал), Душан Влаховиќ (Јувентус), Жоао Феликс (Атлетико Мадрид), Матијас Јенсен (Брентфорд), Кевин де Брујне (Манчестер сити), Давид Алаба (Реал Мадрид), Бен Ми (Брентфорд), Бенжамин Павар (Баерн Минхен) и Рис Џејмс (Челси).