Македонска државјанка загина, а уште три се потврдени, од кои една е хоспитализирана во солунска болница во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Егнатиа во правец кон Солун.
Во сообраќајната несреќа учествувало возило од Северна Македонија, а заганинатата е македонска државјанка.
Според истите извори, возилото се движело по автопатот Егнатиа накај Солун, а тргнало од Битола.
За извлекување на три лица од автомобилот, од Противпожарната служба на Грција интервенирале со пет пожарникари и две возила, а повредените биле преземени од возило на брзата помош.
Поради сообраќајната несреќа околу еден час беше затворен делот од автопатот кон Солун, каде што се случи несреќата, а причините засега се непознати.
ДКП на Северна Македонија во Грција се во комуникација со семејствата за пружање на секаков вид помош.