Македонската репрезентација ја совлада Ерменија и јуриша кон Б дивизијата во Лигата на нации
Македонската фудбалска репрезентација ја совлада вечерва Ерменија во Ереван со 2-0 (0-0) и со трите бодови речиси го обезбеди првото место во групата Ц4 и пласманот во Б дивизијата во Лигата на нации од следната сезона.
Македонската фудбалска репрезентација ја совлада вечерва Ерменија во Ереван со 2-0 (0-0) и со трите бодови речиси го обезбеди првото место во групата Ц4 и пласманот во Б дивизијата во Лигата на нации од следната сезона.
Победата, трета во серија за избраниците на селекторот Благоја Милески, ја навести Бојан Миовски со прекрасен гол во 72 минута, а ја потврди Исник Алими во 85 минута.
Македонија уште на самиот почеток на дуелот на стадионот „Варгзен Саргсјан“ ја затресе противничката мрежа, но голот на Никола Серафимов беше поништен од ВАР собата поради милиметарски офсајд.
Ерменија во продолжението доминираше на теренот, но не реализираше неколку идеални шанси за гол.
Македонија воспостави контрола врз играта на средина на вториот дел, а откако Дарко Велковски пропушти идеална шанса за гол по слободниот удар на Енис Барди во 70 минута, Миовски набрзо донесе водство, а Алими стави печат на победата.
Македонија се зацврсти на првото место во групата 4 во Ц-дивизијата со 10 бодови, но теоретски не го осигура пласманот во Б-дивизијата, бидејќи во ноември не очекуваат уште два натпревари. Во Скопје ги пречекуваме Летонија и Фарски Острови.