Македонската просечна плата на дното во регионот
Во последните неколку години платите за прв пат имаа посериозна тенденција на раст, но тоа е резултат пред се на административни мерки – зголемениот минималец и покачувањата во јавниот сектор, како и одливот на работна сила во странство.
Во последните неколку години платите за прв пат имаа посериозна тенденција на раст, но тоа е резултат пред се на административни мерки – зголемениот минималец и покачувањата во јавниот сектор, како и одливот на работна сила во странство.
За реално да пораснат платите мора да порасне економијата. Изминативе години примањата на работниците растеа со побрзо темпо од економијата. Ова резултира со пад на продуктивноста, тоа е проста економска логика – продуктивноста се пресметува по формулата сооднос меѓу Бруто домашниот производ и бројот на вработени.
Освен ниската продуктивност, ограничувачки фактор за раст на платите се уште е и стапката на невработеност, пренесува денар.мк.
Сепак, ова полека се менува. Работодавачите до неодамна едноставно штедеа на работниците бидејќи сметаа дека лесно може да ги заменат. Ова е се помалку застапено, компаниите сфатија дека е тешко да најдат и да задржат добар работник, особено квалификуван. Натамошниот пад на невработеноста ќе резултира и со раст на просечната плата.
Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за околу 94%.
Просечната плата во август 2014-та била 21.217 денари, а со последната обајава на Државниот завод за статистика, просечна плата во август 2024 изнесува 41.097 денари(668 евра).
И покрај континуираниот раст, Македонија останува закотвена речиси на дното во Европа според висината на просечната плата.
Подобро од нас заработуваат работниците во Србија, во просек 836 евра месечно, во Босна и Херцеговина земаат 710 евра, во Црна Гора 861, во Хрватска 1.324 и во Словенија 1.495 евра месечно.