Македонската банкарска асоцијација со детали за проблемот со картичките: Средствата се достапни во сите експозитури
По поплаките од граѓаните дека не можат да вршат трансакции, ниту да извадат пари од банкомат со картичките, со соопштение се јави Македонската банкарска асоцијација (МБА).
МБА потврди дека со некои од картичките не може да се подигнуваат пари од банкомат.
– Во име на членките на Македонската банкарска асоцијација, ве информираме дека во моментот кога соопштението се подготвуваше и испраќаше дел од услугите на нашите членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија. Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали. Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација, се вели во соопштението на МБА.