Македонките се мажат најмлади во регионот

Македонките се мажат најмлади во регионот, Гркинките најстари, а Србинките припаѓаат на златната средина.

Жените во Северна Македонија стапуваат во брак најмлади во споредба со другите земји во регионот. Просечната возраст на која Македонките стапуваат во брак е 26,6 години, покажува анализата на статистичкиот портал „Ланџеист“, врз основа на податоците на Евростат.

Девојките во Црна Гора се мажат на просечна возраст од 27,5 години, во Бугарија на 28,3, во Србија на 28,5, во Хрватска и Косово на 28,8 и во Грција на 30,9 години.

Во повеќето европски земји, жените за прв пат стапуваат во брак на 30-годишна возраст. Забележлива е разликата помеѓу Западна и Источна Европа, колку подалеку се оди на запад, толку е поголема просечната возраст.

Украинките се најмладите кои се мажат на 24,9 години, девојките во Белорусија со 25,1 и во Турција со 25,2 години.

Жените во Шведска, пак, стапуваат во брак на просечна возраст од 34,8 години, во Шпанија на 34,7 и во Норвешка на 34,1 години.

„Ландгеист“ забележува и дека возраста на која жените стапуваат во брак не мора да значи дека подоцна започнуваат врска или основаат семејство. Ако се погледне картата на уделот на вонбрачните раѓања, се чини дека се повеќе парови прво раѓаат деца, а потоа стапуваат во брак или воопшто не стапуваат во брак.