“ Македонија 2025 “ план за забрзан економски развој
Бизнисмените од “ Македонија 2025 “ претставија стратешки план кој преку дигитална трансформација, зголемување на конкурентноста и привлекување на иселениците ќе ја направи македонската економија лидер во регионот.
Тие потенцираа дека корупцијата која е сеприсутна во македонското општество е најголем проблем за нив.
Ѓоргија Војановиќ кажа: “ Нулта толеранција кон корупцијата преку транспарентност, преку систем на вредности преку систем базиран на заслуги пред се преку лична одговорност којашто во последните години се помалку ја гледаме во општеството во Македонија. Секако дека тоа е поврзано со модерните текови на бизнис опшкружувањето, јавната администрација, што значи квалитетна и ефикасна јавна администраија што работи по светски стандарди и пред се дигитализирана администрација којашто го спречува или ја сведува на минимум можноста за коруптивни дејства. “
Според експертите, дигиталната трансформација на администрацијата, општините, но и на самите компании е неопходна за зголемување на конкурентноста.
Инволвираноста на странските инвестиции и примамувањето на странските инвеститори се еден од најважните сегменти на стратегијата која останува да видиме до кој степен ќе биде реализирана.