Македонија ја победи Бугарија на фудбалскиот хуманитарен натпревар за настраданите во Кочани

Македонската и бугарската фудбалска јавност имаа чест да видат некои од најголемите ѕвезди на сите времиња, како што се Горан Пандев и Христо Стоичков, кои излегоа на терен за да ја поддржат хуманитарната акција за помош на семејствата на настраданите во трагичната катастрофа во Кочани.

Денес во Варна се одигра хуманитарен меч. Македонската и бугарската фудбалска јавност имаа чест да видат некои од најголемите ѕвезди на сите времиња, како што се Горан Пандев и Христо Стоичков, кои излегоа на терен за да ја поддржат хуманитарната акција за помош на семејствата на настраданите во трагичната катастрофа во Кочани.

Македонија победи со 2:3 на теренот на Бугарија. Божинов, Пандев и Тасевски беа стрелците за Македонија, додека Камбуров и Михтарски погодија за Бугарија.

Натпреварот во Варна беше од хуманитарен карактер и ќе се донираат средствата на семејствата на настраданите во Кочани.